МИЦКОСКИ НА САМИТ ВО ТИРАНА – Нашиот пат кон ЕУ

Собирот во Тирана ја поттикнува размената на искуства меѓу земјите од Западен Балкан

МИЦКОСКИ НА САМИТ ВО ТИРАНА – Нашиот пат кон ЕУ
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“ во Тирана, Албанија. Според него, собирот претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.

„Нашата земја останува цврсто посветена на европските интеграции и регионалната соработка, кои се клучни за заедничката визија за просперитетен Западен Балкан“, напиша на фејсбук Мицкоски.

Самитот во Тирана служи како платформа за размена на искуства, јакнење на соработката и координирање на политики со цел унапредување на економската, политичката и безбедносната стабилност во регионот.

Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.

На Самитот во Тирана, покрај лидерите на земјите од Западен Балкан, присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

CATEGORIES
Share This