МЕСИ НЕЗАПИРЛИВ Гази сè пред себе, шест гола и нов светски рекорд

Аргентинската легенда ја заврши групната фаза со шест гола, постави нов историски рекорд и убедливо води во трката за „Златната копачка“.

МЕСИ НЕЗАПИРЛИВ Гази сè пред себе, шест гола и нов светски рекорд
Фото: Принтскрин

Лионел Меси продолжува да испишува историја на Светското првенство 2026. По завршувањето на групната фаза, капитенот на Аргентина е убедливо прв на листата на стрелци со шест постигнати голови, потврдувајќи дека и на 39-годишна возраст останува еден од најдобрите фудбалери во светот.

Аргентинската легенда турнирот го отвори со хет-трик во победата од 3:0 против Алжир, потоа постигна два гола во триумфот над Австрија (2:0), а серијата ја продолжи и против Јордан, каде што еднаш ја затресе мрежата во победата од 3:1.

Со шесте погодоци, Меси не само што се наметна како главен фаворит за „Златната копачка“, туку постави и нов рекорд. За време на шампионатот стигна до вкупно 19 голови на Светските првенства, со што стана најдобриот стрелец во историјата на мундијалските турнири.

На четири гола зад него се наоѓаат Ерлинг Халанд (Норвешка), Винисиус Жуниор (Бразил), Усман Дембеле и Килијан Мбапе (Франција), кои остануваат негови најсериозни конкуренти во битката за признанието најефикасен играч на турнирот.

По три погодоци имаат Брајан Броби (Холандија), Дениз Ундав (Германија), Елајџа Џаст (Нов Зеланд), Хари Кејн (Англија), Исмаел Саибари (Мароко), Исмаила Сар (Сенегал), Џонатан Дејвид (Канада), Џоел Манзамби (Швајцарија), Матеус Куња (Бразил) и Јоан Виса (ДР Конго).

Во групата фудбалери со по два гола се Ентони Еланга (Шведска), Ајасе Уеда (Јапонија), Коди Гакпо (Холандија), Кајл Ларин (Канада) и Кристијано Роналдо (Португалија), кои во нокаут-фазата ќе имаат можност да го подобрат својот голгетерски биланс.

Осминафиналните пресметки на Мундијалот ќе се играат од 28 јуни до 4 јули, кога ќе продолжи и жестоката трка за „Златната копачка“. Меси засега има солидна предност, но елиминациските натпревари традиционално носат нови херои и можни промени на листата на најдобрите стрелци.

МЕСИ ГО ОСВОИ ВРВОТ, НО МУ ТРОПААТ НА ВРАТА Битката за „Златната копачка“ супер интересна

CATEGORIES
Share This