МЕРЦ ХИТ ВО УКРАИНА, А ВО ГЕРМАНИЈА МУ СВРЕТА ГРБ 64% наспроти само 16%

Украинското истражување откри огромна разлика во довербата кон германскиот канцелар.

МЕРЦ ХИТ ВО УКРАИНА, А ВО ГЕРМАНИЈА МУ СВРЕТА ГРБ 64% наспроти само 16%
Фото: Принтскрин

Рејтингот на германскиот канцелар Фридрих Мерц значително се разликува во Украина и во Германија. Според најновото истражување на украинската агенција „Рејтинг“, Мерц ужива доверба од 64 отсто кај украинските граѓани, додека во Германија му веруваат само 16 отсто од испитаниците.

Анкетата била спроведена од 4 до 9 август преку телефонски интервјуа, а во истражувањето учествувале 2.000 граѓани.

Меѓу светските лидери, највисока поддршка кај Украинците има францускиот претседател Емануел Макрон, со 79 отсто позитивен став. Следен е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со 61 отсто.

На дното на листата се наоѓа американскиот претседател Доналд Трамп. Само 16 отсто од анкетираните Украинци имаат позитивен став кон него.

Резултатите покажуваат значителна разлика во перцепцијата на германскиот канцелар меѓу украинската и германската јавност.

CATEGORIES
Share This