МЕНДУХ ТАЧИ ПОВТОРНО ИЗБРАН Јас бев де факто премиер на Албанците, голема разлика меѓу мене и нив

Политички пораки упатени пред партиските делегати за разлики меѓу ДПА, ДУИ и ВЛЕН.

МЕНДУХ ТАЧИ ПОВТОРНО ИЗБРАН Јас бев де факто премиер на Албанците, голема разлика меѓу мене и нив
Фото: Принтскрин

Мендух Тачи повторно е избран за претседател на Демократската партија на Албанците (ДПА) на деветтиот партиски конгрес, при што во своето обраќање пред делегатите упати критики за, како што рече, неправедната распределба на државниот буџет и политичката застапеност на Албанците во земјава.

Тој оцени дека начинот на кој се распределуваат буџетските средства претставува сериозна закана за иднината на Албанците во Македонија, споредувајќи ја ситуацијата со „црна змија под камен“.

Тачи истакна дека иако никогаш не извршувал официјална државна функција, двапати бил „де факто премиер на Албанците“ во рамки на владините коалиции. Притоа нагласи дека постои значајна разлика меѓу периодот кога ДПА била дел од власта и времето кога водечка улога имале ДУИ или ВЛЕН.

Во говорот тој направи споредба меѓу своето политичко дејствување и она на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и други албански политички претставници, посочувајќи дека граѓаните ја препознаваат таа разлика.

CATEGORIES
Share This