МАСОВЕН РУСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ УКРАИНА – Експлозии во Киев
Според информациите, најголемиот дел од дроновите не навлегле директно во Киев, туку преку Черниговската област се движеле кон Житомир. Значајна активност е забележана и во регионите Харков и Полтава.

Русија вечерва изврши голем напад со беспилотни летала врз Украина. Според украинскиот портал Телеграф, над 70 дронови биле забележани во текот на ноќта, а експлозии одекнаа во Киев.
Градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, потврди дека противвоздушната одбрана дејствува во Киев. Експлозии се пријавени и во Запорожје и Днепар, но засега нема информации за евентуални жртви или материјални штети.
Според информациите, најголемиот дел од дроновите не навлегле директно во Киев, туку преку Черниговската област се движеле кон Житомир. Значајна активност е забележана и во регионите Харков и Полтава.
Набљудувачите предупредуваат дека постои можност за нов, ноќен ракетен напад. Во моментов шест стратешки бомбардери Ту-95МС, четири Ту-22М3, седум МиГ-31К и два авиони Ту-160 се во готовност за полетување. Дополнително, три носачи на крстосувачки ракети „Калибар“ се распоредени во Новоросијск.
Многу жители на Киев веќе се засолниле во метро-станиците.
Претходно беше објавено дека Москва го зголемува производството на иранските дронови „Шахед“, со цел да ги интензивира нападите врз Украина. Според украинското разузнавање, руската страна планира да го зголеми производствениот капацитет на околу 6.000 дронови месечно – двојно повеќе од сегашното ниво од околу 3.000.

