МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ВО 2025 ГОДИНА – Главни успеси
Македонските екипи и поединци постигнаа забележителни успеси на европски и светски натпреварувања

Македонскиот спорт и оваа година ги одбележа речиси стандардните резултати на меѓународен план, со неколку значајни успеси во екипните и поединечните спортови.
Во екипните спортови за одбележување се следните настани:
Во ракометот, ракометниот клуб Алкалоид ја комплетираше успешната 2024 година со освојување на пехарот во ЕХФ Европскиот куп, откако финалниот ривал АЕК не се појави на реваншот во Скопје. Освојувањето на пехарот ги мотивираше и останатите македонски екипи: Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Вардар во Лига Европа, и Охрид во Европскиот куп. Овие четири екипи се и главни кандидати за титулата во домашната лига.
Во фудбалот, тетовска Шкендија го продолжи успешниот настап во УЕФА Конференциската лига, пласирајќи се во нокаут фазата. Националната репрезентација, предводена од Енис Барди, оствари серија од 14 натпревари без пораз, обезбедувајќи нов настап во бараж за Светско првенство.
Во женскиот фудбал Александра Марковска, како дел од ЖФК Љуботен, ги освои двете домашни титули – првенство и куп, и учествуваше во квалификациите за УЕФА Лигата на шампиони. Таа е и членка на А репрезентацијата.
Кај одбојкарите македонската репрезентација ја заврши Европската златна лига на 9. место, обезбедувајќи пласман на Европското првенство 2026.
Во поединечните спортови Стефан Михајловски го освои второто место на Светското првенство во Абу Даби. Младите Адријан Рустемовски и Лука Змејковски освоија бронзени медали на Европските првенства. Во боксот Ален Рустемовски ја донесе македонската медалја од Европското првенство У23 во Ереван, освојувајќи второ место додека кај атлетиката Андреас Трајковски го освои осмото место на Европското првенство во сала во Апелдрон, Холандија, и беше лидер на националниот тим на балканските првенства. Борачот Владимир Егоров заврши на петтото место на Светското првенство во Загреб. Кај шахистите екипата на Алкалоид беше вицешампиони на Европскиот клупски куп, продолжувајќи континуитет на успешни настапи.
Што се однесува до бодибилдинг и боречките спортови Катерина Попева стана светска шампионка во бодибилдинг во Санта Сусана, Шпанија, Катерина Ацевска освои бронзен медал на Светското првенство во џиуџицу во Бангкок, Ангела Мојсовска (карате) и Сашка Колевска (спортски танци) завршија на седмо место на Европско и Светско првенство. Даниела Алексовска освои злато на Европско и бронза на Светско првенство во бразилска џиуџицу додека Душица Бреслиева и Марија Димовска освоија бронзи на Европски првенства во своите дисциплини.
Кај тенисто Лина Ѓорческа избори нов настап на Австралија Опен со серија добри резултати, особено во втората половина на годината. Македонските тенисери во Дејвис Купот обезбедија пласман во Втората Светска зона за 2026 година.
Кај спортистите со инвалидитет Андреј Стојаноски го освои шестото место на Олимписките игри за глуви и наглуви лица во Токио (400 метри мешано). Оливера Наковска Бикова заврши четврта во спортско стрелаштво (25м. пиштол) на Европско во Осиек. Зоран Костадиновски и Жарко Селковски освоија петто место на Шаховска олимпијада за лица со инвалидитет.
Кај тренерите со кои се постигнати сите овие резултати се издвојуваат Кирил Лазаров теренр на РК Алкалоид и машкиот национален тим, Дејан Митровски во кикбокс, Методија Ангелски пливачки тренер и Могамед Ибрагимов борење.
Се очекува македонските спортисти, екипи и репрезентации достоинствено да ги претставуваат боите на државата и во 2026 година.


