МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА „ПЛАНИНАТА НЕ ОДИ НИКАДЕ“ – Документарец за животот на браќа-овчари под Солунска Глава

Филмот ја следи приказната за тројца браќа кои со своето стадо овци и триесетина шарпланинци живеат високо на планината, под врвот Солунска Глава.

МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА „ПЛАНИНАТА НЕ ОДИ НИКАДЕ“ – Документарец за животот на браќа-овчари под Солунска Глава

Со овации и долг аплауз во Куршумли ан, на 16. издание на фестивалот МакеДокс, се одржа македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Планината не оди никаде“ на словенечката режисерка и продуцентка Петра Селишкар.

Филмот ја следи приказната за тројца браќа кои со своето стадо овци и триесетина шарпланинци живеат високо на планината, под врвот Солунска Глава. Одвоени од цивилизацијата, нивниот единствен контакт со светот е преку мобилни телефони што функционираат само на одредени врвови.

На премиерата присуствуваа браќата Зекир, Басри и Бесам, заедно со пријателот Марјан и филмската екипа. Режисерката изрази благодарност за речиси шестгодишната работа и искреноста со која протагонистите ја прифатија филмската идеја.

Филмот е копродукција на Словенија, Франција и Македонија, веќе прикажан на десетина меѓународни фестивали, со две освоени награди. По фестивалската патека ќе следи редовна дистрибуција, вклучително и во Кинотеката на Македонија.

CATEGORIES
Share This