МАКЕДОНИЈА СТАРТУВАШЕ ФУРИОЗНО – Убедливо против Азербејџан 87-49

Следна станица е Даблин каде Македонија на 30 ноември го игра вториот натпревар од претквалификациите за ЕП 2029

МАКЕДОНИЈА СТАРТУВАШЕ ФУРИОЗНО – Убедливо против Азербејџан 87-49
Фото: Принтскрин

Македонската кошаркарска репрезентација стартуваше фуриозно во претквалификациите за Европското првенство 2029, декласирајќи го Азербејџан со убедливи 87-49 во СРЦ „Кале“. Со оваа доминантна победа, „црвено-жолтите“ испратија јасна порака дека се фаворити во својата група.

Од самиот старт, македонските кошаркари демонстрираа сила, а новиот лидер на тимот, Андреј Јакимовски, покажа зошто игра во Италија. Јакимовски заврши со фантастичен дабл-дабл: 25 поени и 11 скокови, додека капитенот Војдан Стојановски исто така имаше двоен учинок со 16 поени и 11 скокови, доминирајќи под обрачите.

Дебито на натурализираниот играч Омари Мур донесе скромни 6 поени, но тој се покажа како важен тимски играч, со 9 асистенции и 6 скокови, целосно во служба на колективот. Одличен беше и Лејсон Зеќири, кој со 17 поени го заврши мечот со атрактивно забивање.

Следната станица на македонската репрезентација е Даблин, каде што на 30 ноември ќе го одигра вториот натпревар од овој претквалификациски циклус против Ирска.

CATEGORIES
Share This