ЛИШЕН ОД СЛОБОДА СТРУЖАНЕЦ КОЈ ФРЛИЛ МАРИХУАНА ПОД АВТОМОБИЛ – двајца малолетници повикани на разговор

Според информациите од СВР Охрид, полицијата спроведувала контрола и превентивни активности на терен кога го забележала осомничениот во сомнително однесување.

ЛИШЕН ОД СЛОБОДА СТРУЖАНЕЦ КОЈ ФРЛИЛ МАРИХУАНА ПОД АВТОМОБИЛ – двајца малолетници повикани на разговор

Полициски службеници од ОВР Струга синоќа, на 31 јули околу 22:00 часот, привеле 30-годишен жител на Струга, откако бил забележан како фрла марихуана под паркиран автомобил на улицата „Боро Шаин“.

Според информациите од СВР Охрид, полицијата спроведувала контрола и превентивни активности на терен кога го забележала осомничениот во сомнително однесување. При интервенцијата, тој се обидел да се ослободи од наркотичната супстанца, но марихуаната била пронајдена и одземена како доказен материјал за натамошна постапка.

Во рамки на истиот настан, на информативен разговор во просториите на ОВР Струга биле повикани уште две лица од Струга, на возраст од 23 и 17 години, за кои се проверува дали се поврзани со случајот.

Од полицијата најавуваат дека, по целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

CATEGORIES
Share This