ЛЕТО СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Сонце, жештини и засилен северен ветер

Максималната дневна температура ќе достигне 34 степени, проследена со слаб до умерен, а локално и засилен северен ветер.

ЛЕТО СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Сонце, жештини и засилен северен ветер
Фото: Национал

Денеска (13 јули) не очекува сончево време со мала до умерена облачност и дневни температури од 14 до 34 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува, со брзина до 50 km/h.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен.

CATEGORIES
Share This