ЛАЗАРОВ СМИРЕН ПО ПОРАЗОТ ОД ХРВАТСКА Ќе се бориме до крај
Промашивме пет пенали, но продолжуваме со подготовките до Европското првенство

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не е премногу разочаран од вчерашниот пораз на првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство 2026.
Македонските ракометари загубија во Пореч од Хрватска со 23:26.
„Промашивме пет пенали, три на самиот почеток, а така не можеше да се направи ништо. Имаме многу проблеми и дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин и да пробаме нови сили. Ни недостасуваше Лазаревски, но добро… Продолжуваме со подготовките до 30 декември, потоа заминуваме во Швајцарија на турнир, а потоа следува Европското првенство. Нема да биде лесно. Нашите очекувања секогаш се високи и ако победевме денеска, ќе беа уште повисоки, но ќе се бориме, вели Лазаров
На ЕП 2026, Македонија е во групата со Данска, Португалија и Романија.


