ЛАВРОВ СЕ ЖАЛИ – САД ги истиснуваат руските компании од Африка и Балканот

Санкциите не се економска мерка, туку стратегија за истиснување на руските компании.

ЛАВРОВ СЕ ЖАЛИ – САД ги истиснуваат руските компании од Африка и Балканот
Фото: Принтскрин

САД се обидуваат преку санкции да ги истиснат руските енергетски гиганти „Лукоил“ и „Роснефт“ од меѓународниот бизнис, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервју за RT India, Лавров, одговарајќи на прашање за американските мерки против овие компании, рече дека целта на Вашингтон „не е скриена“.

„Ги споменавте „Лукоил“ и „Роснефт“, а целта е, и тоа не е тајна да се отстранат овие компании од целиот меѓународен бизнис“ – изјави Лавров.

Тој додаде дека, според него, руските компании се истиснуваат од пазарите во Африка, како и од Балканскиот Полуостров.

На крајот на октомври минатата година, САД воведоа санкции против двете најголеми руски нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, како и против нивните поврзани структури.

CATEGORIES
TAGS
Share This