КУБА Е ПРОПАДНАТА ДРЖАВА – Трамп со жестока порака пред патот за Кина

Трамп тврди дека Куба побарала помош од САД, додека се подготвува за посета на Кина.

КУБА Е ПРОПАДНАТА ДРЖАВА – Трамп со жестока порака пред патот за Кина
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Куба побарала помош од Соединетите Американски Држави и најави можен почеток на разговори меѓу Вашингтон и Хавана.

„Ниту еден републиканец никогаш не ми зборувал за Куба, која е пропадната држава и оди само во еден правец – надолу! Куба бара помош и ние ќе разговараме!!! Во меѓувреме, одам во Кина!“, напиша Трамп.

Неговата изјава предизвика реакции во јавноста, особено поради острите оценки за состојбата на Куба и најавата за потенцијален дијалог меѓу двете земји.

Американскиот претседател, исто така, потврди дека на 13 и 14 мај ќе престојува во официјална посета на Кина, каде се очекува средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.

CATEGORIES
Share This