КРВАВА СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ПЈАЧЕНЦА – Македонка пронајдена мртва, сопругот признал убиство
Обид за самоубиство по трагедијата – спасен и пренесен во болница.

Тешка семејна трагедија ја потресе италијанската Пјаченца, каде 55-годишна жена со македонско потекло, Милена Витанова, била пронајдена мртва во стан на периферијата на градот. Според италијанските медиуми, таа имала повеќе убодни рани од остар предмет.
Настанот започнал околу 15:30 часот, кога нејзиниот сопруг, исто така Македонец, Хако Витанов кој е брат на поранешниот конзул на Македонија во Италија Стојан Витанов., наводно се јавил и признал дека ја убил сопругата, по што побегнал од местото на злосторството.
На повикот веднаш реагирале карабинери, пожарникари и екипа на Итната медицинска помош. Бидејќи вратата од станот била заклучена, пожарникарите влегле преку балкон, каде затекнале безживотно тело на жената во локва крв.
Првичната истрага покажала дека жртвата имала повеќе убодни рани и сериозни повреди на главата. Во близина бил пронајден нож за кој се претпоставува дека бил употребен во нападот.
По неколку часа потрага, полицијата го пронашла Хако Витанов на гробиштата Виа Каорсана во Пјаченца, каде се обидел да си го одземе животот. Според извештаи, тој бил кај гробот на својот син, кој пре неколку години загинал во сообраќајна несреќа со ќерката на својот брат Стојан Витанов. Мажот се обидел да се самоубие со сечење на вените, но бил спасен и пренесен во болница под полициска придружба.
Семејството имало четири, кои во моментот на трагедијата не биле во станот и се наоѓале на безбедно.
Случајот предизвика голем шок во македонската заедница во Италија и кај жителите на Пјаченца, отворајќи повторно дискусии за семејното насилство и неговите тешки последици.
