КОЈ СЕ ОСМЕЛИ ДА ГО ФРЛИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА ЗЕМЈА ВО ГОСТИВАР – МВР трага по сторителите (видео)

Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи, МВР потврди дека презема мерки за расчистување на случајот.

КОЈ СЕ ОСМЕЛИ ДА ГО ФРЛИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА ЗЕМЈА ВО ГОСТИВАР – МВР трага по сторителите (видео)
Фото: Принтскрин

Видео на кое се гледа како две лица го симнуваат државното знаме, го туткаат и го фрлаат на земја, се прошири на социјалните мрежи. МВР отвори истрага, а Општина Гостивар тврди дека знамињата пред општинската зграда и во центарот на градот не се отстранети.

Полицијата трага по лицата кои го симнале македонското државно знаме од јарбол во центарот на Гостивар, на улицата „Илинденска“, каде што било поставено од Општина Гостивар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 27 ноември во ОВР Гостивар, по што полициска екипа извршила увид на местото на настанот. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на сторителите.

На социјалните мрежи се споделуваше видео на кое се гледа како едно лице го симнува македонското државно знаме од јарболот, по што заедно со уште едно лице го туткаат и го фрлаат на земја. Снимката ја објави и профилот „Патриотско друштво“, со напомена дека е преземена од платформата ТикТок.

Засега нема официјални информации за идентитетот на лицата што се гледаат на снимката, ниту за околностите под кои било отстрането знамето. Според подоцнежни медиумски информации, знамето во меѓувреме било вратено пред општинската зграда.

По објавите во медиумите, реагираше и Општина Гостивар, од каде што посочија дека знамињата пред општинската зграда и во центарот на градот се поставени и не се отстранети.

CATEGORIES
TAGS
Share This