КОЈ ЈА ГОВОРИ ВИСТИНАТА – Се укинува или останува техничка влада за следните избори

Политички судир околу иднината на техничката влада и изборните правила.

КОЈ ЈА ГОВОРИ ВИСТИНАТА – Се укинува или останува техничка влада за следните избори
Фото: Принтскрин

Укинувањето на Пржинската влада отвора сериозни сомнежи за регуларноста на изборите, предупредува лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој оцени дека ваквиот потег претставува ризик за демократскиот процес, нагласувајќи дека владата предводена од Христијан Мицкоски нема доволен капацитет да организира фер и кредибилни избори поради, како што рече, длабока партизација на институциите. Според Филипче, судството, полицијата и другите државни органи се ставени под политичко влијание, што директно ја нарушува довербата во изборниот систем.

Филипче исто така ја истакна улогата на медиумите, обвинувајќи дека дел од нив шират пропаганда и антиевропски наративи, што дополнително ја нарушува демократската клима. Според него, укинувањето на техничката влада има јасна цел и целосна контрола врз изборниот процес и можност за изборен фалсификат.

Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека измените на Законот за Влада предвидуваат техничката влада да остане во сила за следните парламентарни избори, како и досега, а да се укине дури по нив. Тој потенцираше дека 100 дена пред изборите ќе поднесе оставка, по што ќе се формира техничка влада со учество на опозицијата.

Мицкоски смета дека реакциите на СДСМ се неосновани и дека доколку опозицијата е уверена во својата победа, тогаш нема причина да се спротивставува на измените. Според него, земјата треба да покаже дека е зрела демократија и дека изборниот процес може да се спроведе и без техничка влада во иднина.

CATEGORIES
TAGS
Share This