КЛАСИЧНА ЛАГА И МАНИПУЛАЦИЈА Обвинувања до Мисајловски за платите и статусот на професионалните војници, најавен протест на 7 ноември

Министерот за одбрана Владо Мисајловски повторно ветува повисоки плати и решавање на статусот на професионалните војници по 45-тата година, но критичарите обвинуваат дека станува збор за празни ветувања.

КЛАСИЧНА ЛАГА И МАНИПУЛАЦИЈА Обвинувања до Мисајловски за платите и статусот на професионалните војници, најавен протест на 7 ноември
Фото: НСПВ

Денешната изјава на министерот за одбрана Владо Мисајловски за зголемување на платите на припадниците на Армијата од 1 јануари и решавање на статусот на професионалните војници по навршувањето на 45 години предизвика остри реакции.

Во критиките упатени до министерот се наведува дека ветувањата се повторуваат со месеци, без конкретна реализација, и дека Министерството за одбрана го одложува решавањето на прашањата што директно ги засегаат професионалните војници.

„Зошто од 1 јануари, а не од утре поголеми плати?“, е едно од прашањата што се поставуваат во реакцијата, во која се тврди дека платите на припадниците на Армијата не биле зголемени три години. Се бара и објаснување зошто статусот на професионалните војници не бил решен во 2024 и 2025 година, туку и понатаму се најавуваат законски измени.

Како причина за повторното ветување се посочува и незадоволството меѓу активните и пензионираните припадници на Армијата, кои најавија протест пред Владата на 7 ноември 2026 година, со почеток во 11 часот. Организаторите го најавуваат како прв протест од ваков вид на припадници на армија на земја членка на НАТО.

Во реакцијата се оценува дека најавите на министерот претставуваат обид да се смири незадоволството, додека критичарите го обвинуваат раководството на Министерството за недостиг од капацитет за подобрување на правата и примањата на припадниците на Армијата.

Незадоволните припадници бараат конкретни рокови и реализација на ветувањата, наместо нови најави за идни законски измени и зголемувања.

 

CATEGORIES
Share This