КИМ ЏОНГ УН ЈА ПОСЕТИ ФАБРИКАТА ЗА МУНИЦИЈА – Гаѓаше и неговата ќерка која се подготвува за наследство на државното раководство
Нова шефовска улога за Џу Аје не е исклучена, според јужнокорејската разузнавачка служба

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети една од фабриките за муниција во земјата, каде што го следеше производството на огнено оружје и лично тестираше пиштоли, пренесе Корејската државна новинска агенција.
На посетата го придружуваше и неговата ќерка Ким Џу Аје, која заедно со него присуствуваше на вежба за гаѓање со воени претставници. Фотографиите објавени од агенцијата го прикажуваат Ким како го обиколува производствениот комплекс и разговара со воените функционери.
За време на инспекцијата, Ким нагласи дека е потребна модернизација на производствените процеси и значително проширување на капацитетите на фабриката. Според него, таквите мерки се клучни за зголемување на борбената подготвеност и ефикасност на армијата.
Агенцијата Ројтерс потсетува дека Ким неодамна го надгледувал и тестирањето на стратешка крстосувачка ракета лансирана од нов разурнувач.
Во меѓувреме, според ривалската јужнокорејска разузнавачка служба постојат индикации оти Џу Аје веќе има одредена улога во политичките активности во земјата. Поради тоа, во јавноста се појавуваат шпекулации дека таа би можела во иднина да биде подготвувана како можен наследник на државното раководство.


