КАМЕРИТЕ ОД БЕЗБЕДЕН ГРАД СТАРТУВААТ СО ПРОБЕН ПЕРИОД Евиденција на прекршоци без казни до крајот на месецот

Еден месец предупредувања пред целосната примена од 1 јануари 2026 и казнување за брзо возење, црвено светло и непрописно паркирање како први прекршоци што ќе се регистрираат

КАМЕРИТЕ ОД БЕЗБЕДЕН ГРАД СТАРТУВААТ СО ПРОБЕН ПЕРИОД Евиденција на прекршоци без казни до крајот на месецот
Фото: Принтскрин

Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град“ од денеска започнуваат да регистрираат сообраќајни прекршоци во рамки на едномесечен пробен период, кој претходи на целосната примена на системот најавена за почетокот на следниот месец.

Во овој пробен период, возачите ќе добиваат само предупредувања, без изрекување парични казни.

Според најавите, во почетната фаза ќе се евидентираат прекршоци како: возење со поголема од дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза ќе се прошири опсегот на прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во интервју за МИА, изјави дека проектот „Безбеден град“ ќе започне со целосна примена на 1 јануари 2026 година, а граѓаните ќе имаат еден месец пробен период за информирање пред официјалниот старт.

Во изминатиот период се работеше на пакет законски измени неопходни за воведување на системот, кој ќе функционира и преку дигитална комуникација со граѓаните преку нивните мобилни телефони.

„Проектот има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да воспостави поефикасен систем на превенција и санкционирање преку дигитални алатки и директна комуникација со граѓаните“, изјави Тошковски.

CATEGORIES
TAGS
Share This