КАЛАС СО ОСТРА ПОРАКА Нов пакет санкции што може да ја сотре руската економија

Европската унија подготвува 21-ви пакет санкции насочен кон руската економија и финансискиот сектор.

КАЛАС СО ОСТРА ПОРАКА Нов пакет санкции што може да ја сотре руската економија
Фото: Принтскрин

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, преку објави на мрежата X се осврна на руската инвазија врз Украина и најави нов пакет санкции против Русија.

Таа истакна дека ЕУ работи на 21-от пакет санкции, кој меѓу другото предвидува заострување на мерките во енергетскиот и финансискиот сектор, вклучително и замрзнување на ценовниот плафон за руската нафта, како и дополнителни ограничувања за банки, нафтени компании, рафинерии и субјекти поврзани со заобиколување на санкциите.

Според најавите, пакетот опфаќа повеќе од 170 нови предлози за санкции, насочени кон речиси 90 банки и над 30 финансиски институции, како и компании од трети земји кои, според ЕУ, придонесуваат за руската воена индустрија.

Дополнително, се предлагаат и нови извозни ограничувања за околу 50 компании поврзани со производство на воена опрема, вклучително и дронови, како и мерки против таканаречената „флота во сенка“ што се користи за транспорт на енергенси.

Калас посочи и дека ЕУ разгледува построги визни правила за поранешни и активни припадници на руските вооружени сили и поврзани групи, со цел дополнително ограничување на нивното движење во Европа.

CATEGORIES
Share This