Како да се спречи пропаста на Македонија – надминување на бипартизмот

Историски, ВМРО секогаш од чорбаџиите барале пари само за да купат оружје за Организацијата, а не како сега оваа партија квази вмро, од народот за бизнисмените, бидејќи мерките и економските политики на владата, читај парите од народниот буџет, веќе 2,5 години главно завршуваат во џебовите на бизнисмените, на кои патем оваа антинародна влада им даде 50 милиони евра од солидарниот данок за време на ковид кризата.

Како да се спречи пропаста на Македонија – надминување на бипартизмот
Фото: Национал

Колумна, Национал
д-р Тони Науновски

Четврток, 19 ноември 2026 година

Нема сомнеж дека пропаста на Македонскиот народ во оваа држава и воопшто самата држава  започна уште во 1991 година, и дека таа холистички димензионирана пропаст се интензивираше во 2015-2016 година, истата денес ја достигнува својата негативна кулминација. Промената на името и националниот идентитет, бришењето на голем дел од историјата, двојазичноста, пописот итн., се вина на СДСМ а уште повеќе и на ДПМНЕ мицковистичко, кои не само што не го спречија сето тоа туку директно или индиректно учествуваа во анихилацијата на Македонскиот народ и Македонија (договорот Заев-Мицкоски).

За жал, и после се, сеуште има некои кои не го гледаат сето ова, сета таа континуирана пропаст на сите аспекти на светот на животот на Македонскиот народ. Арно рекле нашите стари за тие без троа памет, дека како чавки да им го испиле мозокот, пример е еден што уште цимоли по правда иако веќе речиси три години дпмне се на власт, неговите де што им помагаше во изборни кампањи цело време а ниту амнестија ниту аболиција ниту ново судење му дадоа (а богами изгледа и ништо друго, кутриот постојано нешто се жали). И кога добронамерно ќе му кажеш дека политички го злопотребуваа мицињата за нивна власт и фотељи (и огромни функционерски плати) се лути и пишува кај сум бил во тоа време-невреме кога соросоидите шарени дојдоа на власт и го менуваа името, ја бришеа античката историја на Македонскиот народ, воведоа двојазичност итн. – па, пред Собрание, на ТВ и по весници, каде ги немаше твоите од мицковистичко дпмне, на пример вечерта кога го менуваа името…а да, се шетаа на широк сокак во Битола, додека нас не тепаше полицијата на Оливер Спасовски министерот и под нозе ни фрлаа шок бомби и солзавец. Толку за тоа и за тие и такви греота мицковистички „уставобранители“ и ефтини пропагандисти. Веројатно уште го лажат, еве речиси десет години (!) а памет не им иде, не знам, не комуницирам со мициња, тие се политички предавници на Македонскиот народ, рамо до рамо со заево а богами сега и со венково сдс, па дури и поголеми кога ќе се помисли на парадигмата ВМРО и нејзината есхатолошка задача као трансисториски чувар на Македонско битие. Пожални се само оние веќе подостарени режимски новинари кои јавно ги објавуваат своите полноќни бладања бидејќи уште не им е јасно зошто Заев се шета низ Дубаи и се вози со јахти, па, зарем не прочитале што пишуваа ДУИ, Груевски и многу други, за договорот Заев-Мицкоски?! Веројатно е таму одговорот на нивните маки, треба само да им текне ако воопшто смеат и да помислат нешто против нивниот идол.

И затоа, како директна последица, агресивноста и дрскоста на исламистичките фундаменталисти и големоалбански националисти е невидена досега, и со секој ден станува се полоша. На дело интензивно е присутен стариот, губитничи дискурс кај македонските политички партии кој повеќе ќе им  даде на албанското малцинство при што предничат лажните патриоти од ДПМНЕ мицковистичко (скратено дпмне мицково), истовремено додека меѓу ДУИ и ВЛЕН и другите нивни националистички партии се одвива натпревар кој ќе биде порадикален во нивните барања, кои се директно против основните Македонски национални и државни интереси.

И додека сиот свет ни се смее бидејќи цела држава не може да го реши проблемот со кравите низ Крива Паланка, останува фактот дека сме најсиромашната држава во Европа, кога дури и меѓународните протекторати Босна и Херцеговина и Косово и Метохија имаат подобри вкупни економски перформанси од северна под режимот на дпмне мицково и ВЛЕН. Како Македонците колективно да заборавија дека ВМРО отсекогаш било врзано за потребите и интересите на Македонскиот народ а не со таканаречените бизнисмени. Историски, ВМРО секогаш од чорбаџиите барале пари само за да купат оружје за Организацијата, а не како сега оваа партија квази вмро, од народот за бизнисмените, бидејќи мерките и економските политики на владата, читај парите од народниот буџет, веќе 2,5 години главно завршуваат во џебовите на бизнисмените, на кои патем оваа антинародна влада им даде 50 милиони евра од солидарниот данок за време на ковид кризата. Вистинското ВМРО би барало замрзнување на цените и зголемување на даноците кои потоа би се трансферирале кај народот со намалување на цените барем на храната, а не како овие сега од дпмне мицково, парите од даноците на народот да завршуваат на еден или на друг начин кај бизнисмените, од кои нема да има никаква полза народот, дури ниту вработените таму кај нив, конечно.

Истошеноста на Македонците е очигледна најсиромашни во Европа, изолирани, официјално само нешто малку над 50 проценти од вкупниот број на државјани во Македонија, а со секој ден е се полошо и сите веќе, со чест на ретките исклучоци, како да кренаа раце. И навистина, тоа е најлесно, сади цвеќиња додека државата, животниот простор се стеснува и пропаѓа пред очи. Проблемот е само што ако сите садиме цвеќиња и Волтеровски си ја гледаме својата градина, што ли ќе остане од Македонија. Ништо, дури ниту големо ништо туку само мало, безначајно од триесетина години, што во историски рамки е баш ништо. Има неколкумина во јавниот дискурс кои брутално го изразуваат тоа, во смисла ако ви е, сами си ја заслужувате оваа пропаст, кога упорно и без никаква политичка логика посебно од 2016 година наваму, гласате за СДС и ДПМНЕ мицковистичко. Трагично е што упорно народот гласа за СДС и ДПМНЕ мицково, оние кои веќе 35 години го туркаат перманентно во пропаст, и тоа само покажува колку е колективно политички суицидален. Дури и на Балканот никаде не е така а камоли во светот, секаде има партиско разномислие, некогаш големи партии речиси пропаѓаат, претходно помали стануваат доминантни, само овде има 35-годишна незаслужена доминација на ДПМНЕ и СДС. И се додека нема развиток на интелекталната мисла која ќе воспостави основа за надминување на овој погубен двопартизам, Македонија е осудена на пропаст. Нова парадигма на местото на дпмне мицово или сдс граѓанско, нова реалност наместо граѓански анационален концепти и квази националниот концепт на дпмне мицково е единствениот спас за Македонскиот народ. Парадигма во која Македонија не е повеќе само обична земја, туку е апсолут, симбиоза, втренченост на нашето Македонско битие.

Српско-македонско време на зло

CATEGORIES
Share This