ИЗНЕНАДУВАЧКИ ОД КРЕМЉ – Песков откри што навистина мисли за идниот лидер на Унгарија
Кремљ за првпат јавно коментира за можниот курс на новата унгарска политичка сцена.

Русија ќе ја цени секоја одлука на лидерот на унгарската партија Тиса, Петар Маѓар, доколку тој отвори дијалог со Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за „Индија денес“.
Песков нагласи дека преку разговори би можеле да се решаваат заеднички проблеми, но истовремено истакна дека Москва сè уште не знае дали Маѓар ќе биде подеднакво отворен кон дијалог како неговиот претходник, премиерот Виктор Орбан.
Тој потсети дека Унгарија, како членка на Европската Унија, учествувала во воведувањето санкции против Русија и затоа Москва ја смета за земја која не е пријателски настроена. Сепак, Песков направи разлика меѓу Орбан и другите европски лидери, оценувајќи дека унгарскиот премиер бил подготвен да разговара со Русија и да ги решава несогласувањата преку дијалог.
„Не знаеме дали неговиот наследник ќе го следи истиот пристап, но доколку тоа се случи, ќе го цениме и ќе придонесе за подобро решавање на проблемите“, порача Песков.
Тој додаде и дека Орбан, според Москва, пред сè ги застапувал интересите на унгарскиот народ и со години успешно ја водел земјата.
