ИТАЛИЈАНСКА ВЕЧЕР СО КЛАСИЧНА МУЗИКА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“ Настапува филхармонијата од Болоња
Концертот ќе се одржи вечерва во катедралната црква „Св. Софија“ со почеток во 21 часот, а на програмата се дела од Респиги, Вивалди, Базини, Маскањи, Пјацола и Рота.

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва повторно се враќа на класичната музика со концерт на Филхармонискиот оркестар на театарот од Болоња, во рамки на Италијанската вечер.
Овој престижен оркестар, основан во 2008 година од музичари на оперскиот оркестар, е познат по неговите високи уметнички стандарди и редовни настапи со светски реномирани солисти и диригенти. Настапува во аудиториумот „Манцони“ и има изведувано дела од Рахмањинов, Бетовен и Чајковски.
Концертот ќе се одржи вечерва во катедралната црква „Св. Софија“ со почеток во 21 часот, а на програмата се дела од Респиги, Вивалди, Базини, Маскањи, Пјацола и Рота.
CATEGORIES Култура


