ИСТОРИСКИ ТРАНСФЕРН НА ЛИВЕРПУЛ Исак преминува во Енфилд за рекордна сума!

Александер Исак, напаѓачот на Њукасл и шведски репрезентативец, официјално преминува во Ливерпул за неверојатни 150 милиони евра. Оваа сума ја прави највисоката отштета во историјата на Премиер лигата. Веста беше објавена од познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, кој со својот препознатлив стил објави: “Here we go!”.
Ливерпул, по втор пат ова лето, го сруши англискиот рекорд за трансфери, откако претходно доведе Флориан Вирц од Баер за 125 милиони евра. Исак, чии трансферни права се проценети на 120 милиони евра, изрази желба да се приклучи на ‘Црвените’ и денеска ќе ги помине лекарските прегледи како нов член на тимот.
Со овој трансфер, Исак станува најскапиот играч во историјата на Премиер лигата, а Ливерпул продолжува да ја зацврстува својата позиција на фудбалската сцена. Оваа трансакција е значајна не само за клубот, туку и за целата лига, која продолжува да расте во финансискиот аспект.


