ИСПЛИВА СНИМКА: Трамп му се заканувал на Путин со уништување на Москва
Овие изјави се дел од серија снимки од затворени средби со донатори во Њујорк и Флорида, на кои Трамп отворено говорел за геополитички закани, имиграциска политика и верувањето дека „гласачите на социјална помош секогаш гласаат за демократите“.

На јавноста ѝ стана достапна шокантна аудио-снимка од приватен состанок на поранешниот американски претседател Доналд Трамп со донатори, на која тој тврди дека ѝ се заканувал на Русија со целосно уништување на Москва доколку ја нападне Украина.
„Му реков: ако ја преминеш границата – Москва ќе ја снема. Немам друг избор“, се слуша Трамп на снимката, објавена од CNN, која е дел од новата книга „2024“ напишана од тројца истражувачки новинари.
Трамп вели дека Путин не му поверувал целосно, но имал „најмалку 10% страв“. Слична закана, тврди тој, упатил и кон кинескиот претседател Си Џинпинг заради Тајван:
„Мислеше дека сум луд… но никогаш не правеше проблеми“.
Овие изјави се дел од серија снимки од затворени средби со донатори во Њујорк и Флорида, на кои Трамп отворено говорел за геополитички закани, имиграциска политика и верувањето дека „гласачите на социјална помош секогаш гласаат за демократите“.
Кампањата на Трамп досега не ги коментираше откритијата, но јасно е дека Трамп ја користел агресивната дипломатска реторика како централен дел од неговата стратегија за враќање во Белата куќа.
„Не сум задоволен од Путин“, изјави неодамна Трамп, обвинувајќи го за отфрлање на сите мировни предлози и „фрлање глупости“ кон САД.
Според него, ниту војната во Украина, ниту конфликтот во Газа би се случиле доколку тој бил претседател.


