ИСПЛАТАТА ЗА ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ЗАПОЧНА – 184 милиони денари поврат на ДДВ веќе кај корисниците
5.292 корисници имаат внесено погрешна трансакциска сметка и не можат да добијат исплата

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје на 2025 година.
За К4 – 2025 година, вкупно 924,5 милиони денари ќе бидат исплатени на 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес се исплатени 184,5 милиони денари на 104.000 корисници.
Исплатата продолжува постапно, како што се обработуваат налозите, а средствата се префрлуваат директно на сметките на корисниците.
Во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено неточна трансакциска сметка, поради што УЈП не може да ја реализира исплатата.
УЈП апелира до сите корисници кои не ги добиле средствата да ги проверат и ажурираат своите податоци за трансакциска сметка директно во апликацијата МојДДВ. Со точни податоци, УЈП ќе може да изврши исплата на повратот на средства.

