ИРАН ПРОТИВ МЕШАЊЕ ВО ФИФА – Сите одлуки се базираат на терен

Фудбалската федерација на Иран истакнува дека никој не може да го исклучи тимот од Мундијалот.

ИРАН ПРОТИВ МЕШАЊЕ ВО ФИФА – Сите одлуки се базираат на терен
Фото: Принтскрин

Политичките тензии меѓу САД и Иран се прелеваат и на спортскиот терен, отворајќи дебата околу учеството на иранската фудбалска репрезентација на Светското првенство во фудбал 2026, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Според првичните планови, Фудбалска репрезентација на Иран требаше дел од натпреварите од групната фаза да ги одигра во Лос Анџелес и Сиетл, но актуелната политичка ситуација создаде неизвесност околу тоа сценарио.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранските фудбалери се добредојдени на турнирот, но додаде дека „можеби треба да размислат дали да дојдат, поради сопствената безбедност“.

На ваквите коментари реагираше Фудбалска федерација на Иран, која во официјално соопштение порача дека никој нема право да го доведува во прашање нивното учество на Мундијалот.

Светското првенство е натпреварување кое го организира ФИФА, а настапот на него се обезбедува исклучиво со резултати на теренот. Никој не може да го исклучи Иран од Светското првенство. Ниту една држава или политичка личност нема право да одлучува кој ќе игра на турнирот. Доколку домаќинот не може да ја гарантира безбедноста на сите учесници, тогаш се поставува прашањето за неговата способност да организира вакво големо натпреварување“, се наведува во реакцијата.

Инаку, Светското првенство во фудбал 2026 ќе биде првиот Мундијал што заеднички ќе го организираат три држави, а политичките полемики уште од сега создаваат притисок врз челниците на ФИФА, предводени од нејзиниот претседател Џани Инфантино.

CATEGORIES
Share This