ИРАН ПОТВРДИ – Али Лариџани убиен заедно со синот

По убиството на Хамнеи, Лариџани се сметал за вистинскиот лидер на Иран.

ИРАН ПОТВРДИ – Али Лариџани убиен заедно со синот
Фото: Принтскрин

Иранските медиуми објавија дека Али Лариџани, врховниот секретар на Советот за национална безбедност, е убиен, повикувајќи се на официјално соопштение од неговиот кабинет.

Во соопштението на Секретаријатот се наведува дека Лариџани бил убиен заедно со неговиот син Мортез Лариџани.

Претходно, израелската армија соопшти дека Лариџани и командантот на доброволната паравоена група Басиџ, Голамреза Сулејмани, загинале во воздушен напад извршен врз Иран. Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда ја потврди смртта на Сулејмани во текот на денот.

Лариџани со години важеше за една од највлијателните и најискусни фигури во иранското раководство и беше близок соработник на врховниот лидер Али Хамнеи. Според извештаите, по атентатот врз Хамнеи, се сметало дека токму Лариџани ја имал клучната улога во управувањето со државата од крајот на февруари.

CATEGORIES
TAGS
Share This