ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА КОЦЕВСКИ – Собранието едногласно ја прифати

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА НА КОЦЕВСКИ – Собранието едногласно ја прифати

Собранието на Република Македонија денеска ја прифати интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. На гласањето присуствуваа вкупно 71 пратеник, и сите гласаа „за“. Немаше ниту еден глас против или воздржан.

Седницата ја водеше потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, која по изгласаната одлука изјави: „На Собранието му предлагам да го донесе следниот заклучок: Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител.“

Со ова, Парламентот испраќа јасен сигнал за недоверба во работата на државниот јавен обвинител, а понатамошните чекори сега се во рацете на Владата. Засега нема официјална реакција од страна на Љупчо Коцевски.

CATEGORIES
Share This