ИНДИЈА ОДБИВА РУСКА НАФТА – четири санкционирани танкери закотвени покрај нејзиниот брег

Најмалку четири танкери што превезуваат руска сурова нафта се закотвени покрај индискиот брег, откако индиските рафинерии одбиле да ја примат пратката, објави Блумберг, повикувајќи се на податоци од системите за следење на бродови.

ИНДИЈА ОДБИВА РУСКА НАФТА – четири санкционирани танкери закотвени покрај нејзиниот брег

Танкерите „Ахилс“ и „Елит“ се наоѓаат во близина на градот Џамнагар, а требало да го истоварат товарот на 2 и 3 август. Секој од бродовите има капацитет од околу 700.000 барели и претходно натоварил нафта „Уралс“ во руските пристаништа Приморск и Уст-Луга. Обата танкери се наоѓаат под санкции од страна на Европската Унија и Велика Британија.

Дополнително, два други танкери – „Дестан“ и „Хорае“ – исто така превезуваат руска сурова нафта и се лоцирани во индиски води. „Дестан“, исто така под санкции, се очекува да пристигне во пристаништето Сика, додека дестинацијата на „Хорае“, кој засега не е под санкции, останува непозната.

Одбивањето на индиските рафинерии да прифатат руска нафта од санкционирани бродови укажува на зголемена претпазливост поради можни последици од западните санкции. Ситуацијата дополнително ја комплицира глобалната трговија со руска нафта, особено во услови кога Москва се обидува да најде алтернативни пазари поради ограничениот пристап до европскиот.

Дестинациите на танкерите, како што забележуваат аналитичарите, сè уште може да се променат, зависно од тоа кој ќе прифати да ја преземе пратката.

CATEGORIES
Share This