ИНЦИДЕНТ НА МЛАДИНСКИ НАТПРЕВАТ ПОМЕЃУ ШКУПИ И БРЕГАЛНИЦА: Родители нападнаа играчи, ФФМ најави санкции

Од Федерацијата најавуваат дисциплинска постапка и санкции против одговорните, а клубот Брегалница апелира за ригорозни казни.

ИНЦИДЕНТ НА МЛАДИНСКИ НАТПРЕВАТ ПОМЕЃУ ШКУПИ И БРЕГАЛНИЦА: Родители нападнаа играчи, ФФМ најави санкции

Фудбалската федерација на Македонија најостро го осуди инцидентот што се случи за време на младинскиот натпревар меѓу Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.

Од ФФМ соопштија дека едно дете претрпело сериозни повреди и скршеници, поради што ќе биде поведена дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица. Федерацијата порача дека „со насилство на спортските терени нема да има компромис“ и најави строги санкции.

Со осуда излезе и ФК Брегалница, кој побара надлежните институции да изречат ригорозни казни за виновниците, за ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат.

CATEGORIES
Share This