ИМЕ ТИ Е МАКЕДОНИЈА Влатко Иљачев – Валдера со нова песна

Македонскиот изведувач Валдера со специјална нумера за Денот на независноста.

ИМЕ ТИ Е МАКЕДОНИЈА Влатко Иљачев – Валдера со нова песна
Фото: Принтскрин

Познатиот македонски поп-рок изведувач Влатко Иљачев – Валдера по повод  големиот државен и национален празник 8ми Септември,  ја претстави на македонската јавност својата најнова музичка нумера, насловена „Име ти е Македонија“.

Песната е создадена со длабока емоција и посветеност кон татковината, токму навреме за празничната еуфорија, со цел да ја разбуди националната гордост и да понуди свеж, но препознатлив поп-рок израз кој резонира со македонското срце.

Оваа објава доаѓа по една исклучително успешна и работна летна сезона за Валдера, која меѓу другото ја одбележа и неговиот забележителен настап на реномираниот фестивал „Охридфест“ во текот на месец август со песната ‘’Скршено стакло’’, каде што освои награда од публиката со својата енергија и вокална интерпретација.

Дополнително, Валдера се подготвува за нова средба со публиката на 31 октомври ќе го одржи својот прв солистички концерт во Public Room. Картите ќе бидат пуштени во продажба во октомври.

Од денес, новата песна „Име ти е Македонија“ е официјално достапна за слушање.

CATEGORIES
Share This