ИМАТЕ 10 ДЕНА, ТРАМП ПАК СО РОКОВИ – Само уште песочен часовник фали
Тој додаде дека доколку не се постигне договор во рамките на овој период, администрацијата ќе разгледа воведување на увозни тарифи како форма на притисок, иако засега не е јасно дали тоа директно ќе влијае врз Русија.

Фото: Принтскрин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека има рок од десет дена за постигнување договор за прекин на огнот во Украина, при што нагласи дека рокот започнува од денес.
„Десет дена од денес“, одговори Трамп на новинарско прашање за почетокот на рокот, за време на разговор со медиумите во претседателскиот авион.
Тој додаде дека доколку не се постигне договор во рамките на овој период, администрацијата ќе разгледа воведување на увозни тарифи како форма на притисок, иако засега не е јасно дали тоа директно ќе влијае врз Русија.
„Ќе воведеме царински давачки. Постојат различни мерки што можеме да ги примениме. Можеби ќе имаат ефект, можеби и не“, изјави Трамп.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


