ИГОР АНГЕЛОВСКИ МРМЕ СТАРТУВА ВО ТАЏИКИСТАН – Прва прес-конференција и промоција на новиот стручен штаб

Илиевски прв асистент, Јовановски задолжен за физичка подготовка.

ИГОР АНГЕЛОВСКИ МРМЕ СТАРТУВА ВО ТАЏИКИСТАН – Прва прес-конференција и промоција на новиот стручен штаб
Фото: Принтскрин

Игор Ангеловски – Мрме денеска ја одржа својата прва прес-конференција како селектор на А-репрезентацијата на Таџикистан, каде што го претстави и својот нов стручен штаб.

Тој соопшти дека негови први соработници ќе бидат добро познати имиња од македонскиот фудбал,  Милан Илиевски и Иван Јовановски Карас, со кои соработувал и за време на неговиот мандат како селектор на Македонија.

Ангеловски истакна дека станува збор за луѓе во кои има голема доверба и со кои долго време успешно работи.

Илиевски ќе ја извршува функцијата прв асистент, додека Јовановски ќе биде задолжен за физичката подготовка на репрезентацијата.

CATEGORIES
Share This