ИДНИНАТА Е НАША Хамнеи со порака што го вознемири Западот
Иранскиот врховен лидер упати остри пораки кон САД и Израел за време на хаџот, најавувајќи големи геополитички промени.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, испрати порака по повод почетокот на сезоната на Аврамскиот хаџ, во која упати остри политички пораки кон САД и Израел, пренесува „Тасним“.
Тој изјави дека „нема простор за присуство на Америка во регионот“, додавајќи дека Соединетите Американски Држави, како што рече, „сè повеќе се оддалечуваат од својата поранешна позиција“ и повеќе немаат безбедно упориште за воено присуство на Блискиот Исток.
Во однос на Израел, Хамнеи оцени дека „ционистичкиот режим се наоѓа во завршна фаза од својот опстанок“ и додаде дека, според неговите зборови, „нема да постои 25 години од сега, ако даде Бог“.
Тој наведе и дека во различни делови од Иран и пошироко, ваквите пораки ќе продолжат да бидат присутни меѓу поддржувачите, особено кај младите, кои ги поврза со отпор кон САД и Израел.
Иранскиот лидер порача и дека аџиите од годинашниот хаџ имаат улога во пренесување на „пораката за победа“ од неодамнешните конфликти, како и надеж за, како што рече, „подобра иднина“.
„Иднината ѝ припаѓа на исламската заедница и на новата исламска цивилизација“, истакна тој, нагласувајќи дека секој поединец може да придонесе во тој процес преку своите можности и одговорности.
Пораката беше прочитана од заменик-претставник на врховниот лидер и водач на иранските аџии во Арафат.
