И МАЛТА СЕ ПРИКЛУЧИ НА БРАНОТ Официјално признаена Палестина како држава

На денешната седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Малта ќе донесе одлука за официјално признавање на Државата Палестина, објави малтешкиот премиер Роберт Абела. Според неговите зборови, оваа одлука е значајна и историска, а Валета останува посветена на напорите за постигнување мир во регионот.
Признавањето на Палестина од страна на Малта доаѓа како дел од пошироката поддршка за палестинските права, следејќи ги чекорите на земји како Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија, кои исто така изразија поддршка за оваа иницијатива.
Оваа одлука на Малта е дел од нејзината стратегија за активна улога во глобалните прашања и поддршка на правата на народите во потрага по самоопределување.
CATEGORIES Свет


