ХРВАТСКА И МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВААТ ВО ЕНЕРГЕТСКИ СОЈУЗ Потпишан важен договор во Охрид

Нови инвестиции, регионални интерконекции и обновливи извори на енергија во фокусот на договорот меѓу Скопје и Загреб.

ХРВАТСКА И МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВААТ ВО ЕНЕРГЕТСКИ СОЈУЗ Потпишан важен договор во Охрид
Фото: Национал

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и министерот за економија на Хрватска Анте Шушњар денеска во Охрид потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји, во рамки на посетата на високата хрватска делегација предводена од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Во официјалниот дел од посетата, премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ потпишаа и Договор за стратешка соработка меѓу Владите на Македонија и Хрватска.

Посетата беше заокружена со Бизнис форум на кој присуствуваа претставници од македонската и хрватската бизнис заедница, а во фокусот беа можностите за нови инвестиции и заеднички проекти, особено во енергетскиот сектор.

Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека енергетиката денес претставува стратешко и безбедносно прашање за Европа и регионот, посочувајќи дека глобалните кризи ја нагласиле потребата од стабилни енергетски системи, инвестиции и регионална соработка.

Потпишаниот Меморандум е резултат на долгогодишните пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска и се темели на евроинтегративните заложби на државата, како и на обврските преземени преку Енергетска заедница и усогласувањето со европското енергетско законодавство.

Документот предвидува унапредување на соработката во областа на енергетската безбедност, развојот на регионалните интерконекции, интеграцијата на обновливи извори на енергија, транзицијата кон нискојаглеродни системи, како и приближување на пазарот на електрична енергија кон правилата на Европска Унија. Исто така, договорена е и размена на знаења, институционална поддршка и заеднички иницијативи во енергетскиот сектор.

СИЛНО ПАРТНЕРСТВО Македонија и Хрватска потпишаа стратешки договор

CATEGORIES
Share This