ХОЛАНДСКА ФИРМА НА ВРАБОТЕНИТЕ ИМ ДАВА НЕОГРАНИЧЕНИ ДЕНОВИ ЗА ОДМОР Сака да им овозможи на вработените полесен баланс на работата и приватниот живот
Организацијата на работодавачи AWVN рече дека неколку мали и средни бизниси веќе нудат неограничено отсуство, истакнувајќи дека вработените сакаат помалку правила и поголема слобода за да се балансираат работата и животот

Холандската телекомуникациска компанија КПН стана првата голема компанија во земјата која на своите вработени им нуди неограничен број денови за одмор.
„Нашите вработени сами одлучуваат како да ги искористат деновите на одмор“, изјави Барт Веберс од KPN за холандскиот весник Financieele Dagblad.
Компанијата сака да им овозможи на вработените полесно да ја балансираат работата и приватниот живот. Сепак, тоа не значи дека вработените можат да донесуваат одлуки за одмор без консултација – сите одмори мора да бидат одобрени. Како што објави споменатиот весник, синдикатите не биле целосно ентузијасти за воведувањето на неограничени денови за одмор во колективниот договор, наведувајќи дека нема сите вработени да имаат ист бенефит од системот.
Организацијата на работодавачи AWVN рече дека неколку мали и средни бизниси веќе нудат неограничено отсуство, истакнувајќи дека вработените сакаат помалку правила и поголема слобода за да се балансираат работата и животот.


