ХЕТ ТРИК НА МАТИЈАС ГИДСЕЛ – По трет пат избран за најдобар ракометар на светот
На Гидсел по тре пат последователено му е доделена титулата играч на годината

Данскиот репрезентативец Матијас Гидсел е прогласен за најдобар ракометар на светот во 2025 година од страна на Меѓународната ракометна федерација (IHF). Ова е негов трет последователен избор како играч на годината, со што се приклучува на Никола Карабатиќ и Микел Хансен како единствените тројкратни добитници во историјата.
Во 2025 година, Гидсел ја освои титулата светски шампион со Данска и беше прогласен за најкорисен играч (MVP) на Светското првенство. Дополнително, тој беше и најдобар стрелец и асистент на турнирот.
На женска страна, Норвежанката Хени Рејстад е прогласена за најдобра ракометарка во светот за 2025 година, исто така за трет пат по ред. Таа го освои златото на Светското првенство со Норвешка и беше MVP и најдобар стрелец на турнирот.
За најдобар млад ракометар беше избран Португалецот Франциско Коста, а најдобра млада ракометарка е Германката Фиола Лојхтер.
Во изборот учествуваа навивачи, селектори на националните тимови кои настапија на Светското првенство 2025, како и членови на Комисијата за тренинг и методи на IHF.


