ХАРИ И МЕГАН СЕ ПОБЛИСКУ СО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ОТКОЛКУ ШТО СЕ МИСЛИ Пријател на принцот откри детали
Иако сè уште нема средба со кралот Чарлс и кралицата Камила, близок пријател на Хари тврди дека контактите со кралското семејство се многу поголеми отколку што изгледаат во јавноста.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл одржуваат многу поголем контакт со британското кралско семејство отколку што се претпоставува во јавноста. Ова го тврди Алекс Рејнер, близок пријател на војводата од Сасекс, отфрлајќи ги шпекулациите дека односите меѓу Хари и останатите членови на кралското семејство се целосно нарушени.
Иако Хари и Меган се вратија во Велика Британија пред 12 недели, тие сè уште не оствариле средба со кралот Чарлс Трети и кралицата Камила, објавува GB News.
Отсуството на директна средба дополнително ги поттикна шпекулациите за семејните односи и наводната дистанца меѓу војводата и војвотката од Сасекс и останатите членови на монархијата.
Сепак, нивниот близок пријател Алекс Рејнер не се согласува со таквите толкувања и порачува дека контактите се многу почести отколку што јавноста може да претпостави.
Неговата изјава повторно го отвори прашањето дали зад јавната дистанца меѓу Хари и кралското семејство сепак постојат канали на комуникација кои не се познати за јавноста.

