ХАОС ВО БЕЛГРАД – Невидени сцени од ноќните протести
Судири, тензии и хаотични сцени ја обележаа ноќта во главниот град.

Во Белград синоќа се одржаа протести на кои, според полициски и медиумски извештаи, имало инциденти и нарушувања на јавниот ред. Дел од учесниците на протестот се обиделе да се движат низ повеќе локации во градот, меѓу кои и Славија и околината на државни институции.
Според изјави на надлежни лица, дошло до судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата, при што биле пријавени и инциденти со повредени лица. Исто така, се наведува дека имало и напади врз работници на јавни служби, како и оштетување на имот.
Полицијата соопшти дека привела повеќе лица во врска со настаните и дека работи на утврдување на сите околности.
Од друга страна, учесници и организатори на протестите тврдат дека собирите биле насочени кон изразување незадоволство и дека не сите присутни биле вклучени во инцидентите.
Институциите најавија понатамошни проверки и постапки во врска со случувањата.
Од друга страна српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ наведе дека иало сериозно нарушување на јавниот ред и мир и неиспровоциран напад врз полициските службеници синоќа на улицата „Кралја Милан“, каде што беше пробиена заштитна ограда и нападнат полицаец.
Полицијата соопшти дека врз нејзините припадници биле фрлани камења, шишиња и други предмети, а биле забележани и импровизирани „стрели“ наменети за напад. Дел од учесниците во инцидентите биле маскирани со шалови и маици.
Според надлежните, полицијата интервенирала со минимална употреба на сила, со цел да се воспостави ред и да се спречи натамошна ескалација.
„Нападите врз полицијата претставуваат сериозно кривично дело“, беше истакнато од официјалните лица. Во моментов, во близина на Правниот факултет се наоѓаат неколку десетици лица, додека останатите улици во градот се отворени и сообраќајот се одвива непречено.
Во врска со инцидентите, 23 лица се приведени поради напад врз службени лица, а има и повредени полицајци.
За време на обраќањето на министерот беа прикажани видео-снимки од насилните дејствија, како и од реакцијата на полицијата, која, како што беше нагласено, постапувала исклучиво во рамки на своите овластувања и како одговор на насилството.
