ГРЦИЈА ОТВОРА ВРАТА ЗА МАКЕДОНЦИ Проверете дали имате право на грчки пасош

Грчката амбасада во Скопје објави информации за условите и постапката за стекнување државјанство преку родител или баба и дедо со грчко потекло.

ГРЦИЈА ОТВОРА ВРАТА ЗА МАКЕДОНЦИ Проверете дали имате право на грчки пасош
Фото: Национал

Грција започна јавна кампања насочена кон македонските граѓани кои имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство.

„Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, стои во јавната објава на Амбасадата на Грција во Скопје.

Во објавата се посочува дека граѓаните можат да најдат информации за условите, потребната документација и основните чекори за аплицирање за грчко државјанство врз основа на потекло, преку родител или баба и дедо со грчко потекло.

Постапката започнува во грчкиот конзулат надлежен за местото на живеење, каде што заинтересираните можат да добијат дополнителни насоки и информации за секоја фаза од процесот.

Од Амбасадата ги повикуваат македонските граѓани да се информираат и да проверат дали ги исполнуваат законските услови за стекнување грчко државјанство, а воедно упатуваат и кон официјални извори со дополнителни информации за постапката.

CATEGORIES
TAGS
Share This