ГРАДЕЖЕН БУМ ВО МАКЕДОНИЈА Во јуни издадени дури 39% повеќе одобренија за градење

За само еден месец се одобрени 296 објекти, а е предвидена изградба на 754 нови станови на површина од 64.266 квадратни метри.

ГРАДЕЖЕН БУМ ВО МАКЕДОНИЈА Во јуни издадени дури 39% повеќе одобренија за градење
Фото: Принтскрин

Во јуни годинава во земјава се издадени вкупно 296 одобренија за градење, што претставува зголемување од 39 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со издадените одобренија е предвидена изградба на објекти во вредност од 6,36 милијарди денари, што е за 31 отсто повеќе во однос на јуни минатата година. Најголем број одобренија, односно 70, се издадени во Полошкиот регион.

Од вкупниот број одобренија, 200 или 67,6 отсто се однесуваат на објекти од високоградба, 26 или 8,8 отсто на нискоградба, додека 70 или 23,6 отсто се за реконструкција.

Најголем дел од инвеститорите се физички лица. Тие се јавуваат како инвеститори на 218 објекти, односно 73,6 отсто од вкупниот број, додека деловните субјекти инвестираат во 78 објекти или 26,4 отсто.

Според податоците на ДЗС, во текот на јуни е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од 64.266 квадратни метри.

CATEGORIES
Share This