ГОЛГЕТЕРИТЕ РАСПОЛОЖЕНИ – 13 голови на 3 натпревари
Норвешкиот тим продолжува со европската бајка со голови од Фет, Бломберг и Хог.

Реал Мадрид беше убедлив против Манчестер сити. Феде Валверде имаше спектакуларен настап постигнувајќи хет-трик. Првиот гол го постигна во 20.минута, а седум минути подоцна ја зголеми предноста на 2-0. Третиот гол беше вистински мајсторски потег во 42.минута, кога ја надмудри целата одбрана и го совлада Донарума. Винисиус Жуниор не реализира пенал во 58.минута, откако италијанскиот голман направи одлична одбрана.
Бодо/Глимт продолжува европската бајка со победа над Спортинг Лисабон. Норвешкиот тим славеше со 3-0. Фет од пенал донесе водство во 32.минута, Бломберг погоди за 2-0, а Хог ги постави конечните 3-0.
ПСЖ го победи Челзи. Баркола го отвори резултатот, Густо израмни, а Дембеле обезбеди предност од 2-1 на полувремето. Енцо Фернандез донесе ново израмнување, но во финишот Витиња и Квича Кварацкелија со два гола донесоа триумф од 5-2 за ПСЖ.


