ГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ПАТИШТАТА На ГП Богородица се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но зголемен е интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини.

ГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ПАТИШТАТА На ГП Богородица се чека околу 40 минути
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, а поголема фреквенција на возила е регистрирана и на граничниот премин Богородица, каде времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони.

Внимание е потребно особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, од 15 април патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај за сите видови возила со максимална дозволена маса до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This