ГОЛЕМА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА – САД среде преговори запленија иранска криптовалута вредни 1 милијади долари

Дипломатската неизвесност продолжува додека траат преговорите зад затворени врати.

ГОЛЕМА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА – САД среде преговори запленија иранска криптовалута вредни 1 милијади долари
Фото: Принтскрин

Соединетите Американски Држави заплениле иранска криптовалута во вредност од околу една милијарда долари, во период на засилени дипломатски активности околу можен нов договор меѓу Вашингтон и Техеран.

Информацијата ја соопшти американскиот министер за финансии Скот Бесент, веднаш по состанокот на претседателот Доналд Трамп со претставници на националната безбедност. На средбата, како што се наведува, бил разгледуван предлог-рамковен договор со Иран, кој би предвидувал продолжување на примирјето за дополнителни 60 дена, пренесува Скај њуз.

Во меѓувреме, иранските медиуми, повикувајќи се на неофицијални извори, јавуваат дека Техеран бара ослободување на околу 12 милијарди долари замрзнати ирански средства како услов за продолжување на преговорите.

Засега нема дополнителни детали за запленетите дигитални средства, ниту за начинот на кој тие се поврзани со ирански институции или субјекти.

CATEGORIES
TAGS
Share This