ГОЛЕМА ПОБЕДА – Данска обезбеди полуфинале со победа над Германија
Данска направи серија од 10-3 во второто полувреме и обезбеди предност

Ракометарите на Данска се искачија на првата позиција во групата 1 од Главната фаза на Европското првенство, откако вечерва ја победија Германија со 31:26. Со оваа победа, Данска е првиот тим кој обезбеди пласман во полуфиналето, бидејќи конкурентите во групата веќе не можат да ги надминат, особено поради тоа што во последното коло ќе се сретнат Германија и Франција.
Во дербито на групата, Данска имаше водство во првиот дел. По 13:13 на стартот од второто полувреме, данските ракометари направија серија од 10-3, стигнувајќи до предност од 23:16, што го означи пресвртниот момент кон победата.
Најефикасни беа Матијас Гидсел и Симон Питлик со по 8 голови, додека за играч на натпреварот беше прогласен голманот Емил Нилсен, кој реализираше 14 одбрани.
Во другите два дуела од денешната програма Португалија ја совлада Норвешка 35:35 додека Шпанија беше подобра од Франција 36:32.
Во моментот во оваа група на табелата води Данска со 6 бодови пред Германија исто така со 6 бодови, Франција 4 бодови, Португалија 3 бодови, Норвешка 3 бодови и Шпанија 2 бодови.
Во последното коло од групата, кое се игра во среда, се среќаваат Шпанија – Португалија, Франција – Германија и Данска – Норвешка.
Утре се играат дуелите од група 2 во кои се среќаваат Швајцарија – Исланд, Хрватска – Словенија и Шведска – Унгарија

