ГОЛЕМ УДАР НА НАБУ: Уапсен поранешен украински министер

НАБУ го приведе поранешниот министер за енергетика Герман Галушченко при преминување на границата.

ГОЛЕМ УДАР НА НАБУ: Уапсен поранешен украински министер
Фото: Принтскрин

Украинското Национално биро за борба против корупција (НАБУ) денес го приведе поранешниот министер за енергетика, Герман Галушченко, при преминување на државната граница. Според украинските медиуми, тој веднаш бил извлечен од возот и приведен како осомничен. Против него ќе биде поднесено обвинение по префрлувањето во Киев.

Истражителите од НАБУ спроведуваат приоритетни истражни дејствија во согласност со законот и судските одлуки, а детали за случајот ќе бидат објавени подоцна.

На 10 ноември, НАБУ започна операција за откривање корупција во енергетскиот сектор, при што утврдила дека криминална организација влијаела врз стратешки државни претпријатија, вклучувајќи го и Енергоатом. Во скандалот биле вмешани и блиски соработници на претседателот Зеленски.

Пет од седумте осомничени се веќе приведени, меѓу кои бизнисмен сметан за водач на организацијата, поранешен советник на министерот за енергетика и извршен директор за физичка заштита и безбедност во „Енергоатом“.

Претреси биле извршени и во домовите на Галушченко и на бизнисменот и ко-сопственик на студиото „Квартал 95“, Тимур Миндиќ.

CATEGORIES
TAGS
Share This