ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО СРБИЈА Студентите освоија 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

РЕК едногласно ги усвои конечните резултати од изборите. Студентската листа освои 2,35 милиони гласови, додека листата на Александар Вучиќ доби 1,73 милиони.

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО СРБИЈА Студентите освоија 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103
Фото: Принтскрин

Републичката изборна комисија (РЕК) вечерва едногласно ги усвои конечните резултати од парламентарните избори во Србија, со кои е потврдено дека „Студентската листа – Студентите победуваат“ освои убедливо мнозинство од 140 пратенички мандати.

Според официјалните резултати, оваа листа добила 2.354.417 гласови, додека изборната листа „Александар Вучиќ – Единствена Србија“ освоила 1.731.323 гласови, што ѝ носи 103 мандати.

Во новиот состав на српскиот парламент ќе влезат и уште седум пратеници од малцинските изборни листи.

По повторувањето на гласањето на 53 избирачки места, еден пратенички мандат освои и листата „Усама Зукорлиќ (СПП) – Движење за обединување“, која добила 12.440 гласови.

СО ГРУТКА ВО ГРЛОТО Вучиќ првпат проговори за поразот и откри кога сфатил што се случува

CATEGORIES
TAGS
Share This