ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ВО ИСТАНБУЛ Македонија гостува кај силната Турција

Македонија го продолжува циклусот пријателски натпревари со силен противник

ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ВО ИСТАНБУЛ Македонија гостува кај силната Турција
Фото: Принтскрин

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе го одигра својот следен пријателски натпревар, на гостински терен против Турција, уште еден учесник на претстојното Светско првенство кое започнува на 11 јуни.

По ремито без голови (0:0) против Босна и Херцеговина во Сараево, селекторот Гоце Седлоски ќе има нова можност да испроба повеќе фудбалери и да ја темпира формата на тимот за следниот циклус натпревари во Лигата на нации.

На прес-конференцијата пред дуелот, репрезентативецот Езѓан Алиоски ја истакна важноста на ваквите контролни натпревари за развојот на селекцијата.

„Ова се натпревари од кои можеме многу да научиме. Против Босна и Херцеговина покажавме добри работи, но јасно е дека ни треба време за подобра уиграност. Секој ваков натпревар е ново искуство и чекор напред за тимот“, изјави Алиоски.

Контролниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе се одигра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, со почеток во 18:30 часот. Македонската репрезентација синоќа одржа тренинг токму на теренот каде што ќе се одигра мечот.

CATEGORIES
Share This